Усвоена новата Стратегија на МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Усвоена новата Стратегија на МЦМС PDF Печати Е-пошта
Четврток, 28 декември 2017 14:03

Советот на МЦМС, на својата втора редовна седница одржана на 27 декември 2017 година, го усвои новиот стратешки документ за периодот 2017-2021 година.

MCMS Sovet 1 27.12.2017

Пред членовите на Советот, документот го презентираше Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС. Тој истакна дека во него се реафирмирани визијата и мисијата на организацијата и редефинирани долгорочните цели кои сега гласат: Вкоренето и влијателно граѓанско општество; Добро владеење и борба против корупцијата; Социјална инклузија и кохезија, Поддржан процес на евроинтеграција и Подготвеност за миграциските предизвици. Покрај овие пет програмски цели, МЦМС ги задржа и организациските: МЦМС – независна организација со кредибилитет – тивок но видлив поврзувач и МЦМС – атрактивна и иновативна организација.

Членовите на Советот се интересираа за тоа дали МЦМС ќе продолжи да работи на зголемување на државното финансирање и дали планира да учествува во работните тела што ги формира новата Влада; дали во документот е направено поврзување со Целите за одржлив развој на Обединетите нации; дали ќе продолжи да работи со верските заедници и дали МЦМС одлучил што нема да работи во насока на намалување на конкуренцијата и координација со другите организации. Во врска со дилемата: МЦМС гласен актер или тивок поврзувач, дел од присутните сметаа дека тоа треба да се одлучи во зависност од ситуацијата и дека не може да се генерализира.

MCMS Sovet 2 27.12.2017

Со две интервенции кои се однесуваа на поексплицитно спомнување на црквите и верските заедници и поврзаноста на долгорочните цели со тие на ООН, новата Стратегија беше усвоена едногласно.

На донесувањето на Стратегијата и претходеше процес на надворешна оценка и неколку работилници со вработените и со членовите на Управниот одбор.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Усвоена новата Стратегија на МЦМС