Руралните училишта заслужуваат подобри услови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Руралните училишта заслужуваат подобри услови PDF Печати Е-пошта
Среда, 28 Февруари 2018 12:16

Во текот на 2017 година Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) реновираше пет основни училишта во руралните средини низ Македонија. Благодарение на овие интервенции, 711 ученици сега ја следат наставата во подобрени услови.

20180227 ruralni ucilista vest

„Кога се прави нешто ново, сите се задоволни, и учениците и наставниците и родителите“ – рече  Јашар Шерифов, домаќин во училиштето „Крсте Петков Мисирков“ во с. Коџалија. „Нашето училиште е изградено во 1979 година и од тогаш, вратите не беа сменети. Тие беа прилично оштетени до тој степен што некои од нив не се затвораа. Оштетените прозорци влијаеа на температурата во училниците што беше проблем, особено во текот на зимата“, додаде тој. 

Покрај тоа, се набави нов ЛЦД проектор за ОУ „Кирил и Методиј“ во с. Ораовица, а во училиштето „Пере Тошев“, во с. Небрегово, се догради нова училишна просторија и се заменија прозорците и вратите. Во училиштето „Лирија“ во с. Житоше се набави училишен мебел и опрема за медиатека и во училиштето „Александар Турунџев“, с. Кукуречани, се зајакна и бојадиса фасадата.

Исуф Синани, претходно директор на училиштето ООУ „Лирија“, сега наставник по информатика, сподели со нас колку нему и на учениците им е корисна набавената опрема. „Јас предавам Информатика и често ја користам смарт таблата за да им ги покажам на учениците компјутерските апликации. Исто така ја користиме и за истражување за одредени теми дискусија. Овие нови алатки многу ги олеснуваат процесите на организирање на наставата и на учењето“, напомена тој.

Со оглед на тоа што училштата не се во можност самостојно да ја набават опремата или да ја спроведат обновата, ваквата помош им е секогаш добредојдена. За некои од нив, ова е само почеток на процесот на обновување и сè уште им се потребни елементарни подобрувања на условите за работа.

Реновирањето чинеше два милиони денари, а го финансираше Сокотаб.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Руралните училишта заслужуваат подобри услови