Обука за оспособување на вработените во општините - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за оспособување на вработените во општините PDF Печати Е-пошта
Петок, 20 јуни 2008 01:00

“Среќен сум што бев дел од обуката. Истата ќе најде голема примена на моето работно место, затоа што таму потребата од изработка на прес соопштенија и прес конференции е голема. Исто така ќе имам корист и во секојдневната комуникација со граѓаните“, ни изјави Влатко Анастасоски, раководител на одделение за локален и економски развој во општина Прилеп.

16e8485df449424e9c6874353e23cdd9

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), од 17-19 јуни оваа година,  во хотелот „Континентал“ во Скопје, организираше тридневна обука за односи со јавноста. На обуката присуствуваа 12 претставници од општините, фокус заедници во програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ), која ја спроведува  МЦМС. На обуката учествуваа претставници од општина Прилеп,  Велес, Конче, Старо Нагоричане, Чашка, Карбинци, Могила, Долнени и Сарај.

Целта на оваа обука беше претставниците од единиците на локалната самоуправа да добијат основни знаења од односите со јавноста. Со добивањето на одредени вештини, учесниците ќе можат полесно да управуваат во комуникацијата со јавноста. На обуката беа обработени темите: значење на односите со јавноста и релациите со медиумите, градење стратегии за односи со јавноста, подготовка и вештини на презентација, радио и ТВ интервју, информативни и промотивни материјали, прес соопштение и прес конференции.

Комуникацијата со целните групи и општата јавност е клучна во градењето на имиџот на општините. Дел од вештините со кои се стекнаа учесниците беа подготовка на добри презентации, комуникација со медиумите и градење на стратегија на односи со јавност. Со ова, општините ќе бидат подготвени за предизвиците кои ни ги наметнува модерното време.

“Обуката беше сосема во ред, одличен беше соодносот на теоријата и праксата. Во текот на целата обука ни беше овозможено целосно вклучување“, ни изјави Влатко Анастасоски, раководител на одделение за локален и економски развој во општина Прилеп.

“Без разлика што не работам во ваков сектор, обуката ќе најде голема примена во моето работење“, ни кажа Емилија Спасиќ, помош соработник, од општина Старо Нагоричане.

Обуката ја спроведе Гонце Јаковлеска, соработник за односи со јавноста во МЦМС.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Обука за оспособување на вработените во општините