Продолжуваат активностите во Општина Карбинци - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Продолжуваат активностите во Општина Карбинци PDF Печати Е-пошта
Среда, 02 јули 2008 01:00

“Целта на нашата заедница на овие форуми е најпрво да се запознаат сите присутни со проблемите со кои се соочуваат граѓаните од целата општина, а како крајна цел е да се постигне решавање на истите “ – изјави Весна Николовска жител на с.Долни Балван.

fe2d29ddbcbe8e4c91061187ea0b185c

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Општина Карбинци во месец април започна со реализација на програмата „Форуми во заедниците“, финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка. Вчера, на 22 јуни, се одржа втората форумска сесија, каде по работни групи беа изнесени идејите за какви проекти ќе се реализираат во нивните заедници.

„Преку овие форуми се очекува да им се подобрат условите за живот на граѓаните, преку решавање на постоечките проблеми “ - изјави Даниела Минова, помлад соработник за односи со граѓаните, компании и НВО, во општина Карбинци.

Програмата има цел да овозможи развој на општините со учество на сите заинтересирани страни. Преку организирање на средби (форуми) кои ќе овозможат граѓаните да го унапредат својот живот. Сето тоа преку изнесување лични идеи и со учество во процесот на донесување одлуки. Додека општинската администрација да биде поотворена, одговорна и транспарентна. Вкупниот буџет на програмата за Општина Карбинци изнесува 4.400.000 денари.

“Целта на нашата заедница на овие форуми е најпрво да се запознаат сите присутни со проблемите со кои се соочуваат граѓаните од целата општина, а како крајна цел е да се постигне решавање на истите “ – изјави Весна Николовска жител на с. Долни Балван.Партиципативноста е поголема од сесија до сесија, додаде Весна Николовска.Следната средба од форумската сесија е закажана на 13 јули оваа година, каде ќе се одржи работилница на работните групи, за да се формулира концептот за предлог проект.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Продолжуваат активностите во Општина Карбинци