Обука за раководење со проектен цилкус, мониторинг и евалуација - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за раководење со проектен цилкус, мониторинг и евалуација PDF Печати Е-пошта
Вторник, 08 јули 2008 01:00

„Премногу сум среќна и задоволна што бев дел од обуката. Работната атмосфера беше одлична се работеше во мала група, сите можеа да учествуваат, обучувачот беше одличен , а и времето беше доволно“- изјави Мина Дуровиќ – помлад соработник во секторот за финансиско работење и човекови ресурси во канцеларијата во Скопје.

d9c23f1e2327a64b81839a4f82311ed0

Македонскиот центар за меѓународна соработка со подршка на мониторинг канцеларијата на ОБСЕ во Македонија, од 30 јуни до 03 јули 2008 во хотелот Бест Вестерн во Скопје, одржа обука за Раководење со проектен циклус, мониторинг и евалуација. Обуката беше наменета за вработените во канцеларијата на Народниот правобранител и на неа присуствуваа шест учесници.

Целта на обуката беше присутните да се запознаат со фазите на проектниот циклус и раководење со него, да знаат да идентификуваат проблеми, да ги анализираат и да ги претворат во цели (диаграм на проблеми и цели), да ја постават основата на добар проект (логика на интервенција), да бидат свесни за значењето на поставување на добри индикатори и претпоставки и дефинирање на истите и да знаат да алоцираат соодветни ресурси за потребите на нивната интервенција/проект (алоцирање ресурси и креирање буџет).

„Задоволна сум од обуката, убаво е, дружење, ново искуство, интеракција и работа во група. Задоволна сум и поради фактот дека освен теоријата вклучени се и практични вежби“- изјави Јасмина Исмаиловска – помлад референт, Куманово.

Обуката ја спроведе Димче Митрески, раководител на одделение за развој во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Обука за раководење со проектен цилкус, мониторинг и евалуација