Во следните четири години МЦМС ќе раководи со МРФП - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во следните четири години МЦМС ќе раководи со МРФП PDF Печати Е-пошта
Среда, 24 септември 2008 01:00
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), по трет пат, го избра Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за Институција за раководење за периодот 2008-2011 г. Изборот беше направен од страна на Одборот на старатели на МРФП врз основа на професионалниот, организациски и финансиски капацитет на МЦМС.

МЦМС е значаен актер на граѓанското општество во Македонија и во регионот.

Во своето досегашното работење МЦМС спровел повеќе од 1.450 проекти во околу 60 програми, за над 45 милиони евра. Покрај раководењето со МРФП во последните десет години, МЦМС го иницирал и координирал воспоставувањето на Граѓанската платформа на Македонија, на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество.

МЦМС има 28 соработници (вработени), меѓу кои и соработници со експертиза за развојот на финансиски услуги, финансиски институции и претприемништво, области во кои МРФП делува.

МЦМС е организација со високо регулирани работни процеси, од стратешко до оперативно ниво. Во своја сопственост има канцелариски простор и опрема, која е ставена и во функција на извршување на секојдневните работи на МРФП.

МЦМС има институционална способност и искуство за финансиско раководење и известување, што е од посебно значење за МРФП. МЦМС спроведува ревизија на своите финансиски извештаи  од страна на меѓународни ревизорски институции, во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). 

Во новиот мандат МЦМС, како Институцијата за раководење, и понатаму ќе биде одговорна за вршење на раководните, стручните и админи­стра­тив­ни­те работи, односно за поддршка на органите на општо управување и надзор на МРФП и спроведување на политиката и програмите одобрени од нивна страна.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Во следните четири години МЦМС ќе раководи со МРФП