Стратегија и Акциски план за реформи на комуналните претпријатија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Стратегија и Акциски план за реформи на комуналните претпријатија PDF Печати Е-пошта
Петок, 03 октомври 2008 01:00

МЦМС и Светска банка организираа работилница на која околу 100-тина претставници на општините, комуналните претпријатија и другите клучни актери разговараа за проблемите со кои се соочуваат и препораките што ги носи Стратегијата и Акцискиот план.

c6df325e0c328d46a65b9321b3aa4ab5

Работилницата на тема Стратегија и Акциски план за реформи во комуналните претпријатија со фокус на водоснабдувањето, канализацијата и управувањето со цврст отпад се одржа на 26 септември 2008 година (петок), со почеток во 11 часот, во хотелот Александар палас.

Работилницата имаше за цел да се направат консултации со сите клучни актери и да се добие нивното мислење за препораките од Стратегијата за реформи во јавните комунални претпријатија.

cc0c32ea4916fa49ad35ea7a7e757e91

На присутните им се обратија Маркус Репник, постојан претставник на канцеларијата на Светска Банка во Македонија, Снежана Костадиноска – Милошеска, Државен секретар во Министерството за финансии, Кристине Кесидес, Раководител на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), Светска Банка, лидерот на тимот Питер Робинсон, Economic Consulting Associates (ЕЦА) и Димче Митрески, раководител на одделението за развој во МЦМС,

Светска Банка по барање на Владата на Република Македонија обезбеди грант за подготовка на Стратегија за реформи во Комуналниот сектор. За подготовка на Стратегијата, Светската Банка ангажира конзорциум од меѓународни и домашни советодавни консултанти.

237da16a8b9e804a8f00480dc08e1635

МЦМС беше вклучен во изработка на студијата за Стратегијата и Акцискиот план за реформи во комуналните услуги.

Градоначалниците, претставниците на јавните комунални претпријатија и другите клучни актери разговараат за елементите на Стратегијата, за важноста и потребата од ваква Стратегија, за тоа какви активности треба да спроведе Владата, а какви општините, јавните комунални претпријатија и нивните партнери.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Стратегија и Акциски план за реформи на комуналните претпријатија