Развојната соработка и интеграцијата во ЕУ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Развојната соработка и интеграцијата во ЕУ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 21 октомври 2008 01:00

Денес и утре, во Инфо центарот на ЕУ се одржува регионалната конференција Развојната соработка во контекст на ЕУ интеграциите. „Денес влегуваме во сферата која беше зад хоризонтот“, рече во своето поздравно обраќање Ивица Боцевски, Заменик на Претседател на Владата на Република Македонија. Конференцијата ја организираат МЦМС, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Триалог од Австрија.

e0a4f8f621c590489d02b543dabb73aa

„Владата е отворена за инпут од граѓанските организации за прашања за развојот“, рече меѓу другото Боцевски додавајќи дека односот меѓу Владата и граѓанските организации е клучен за полно остварување на развојните капацитети на земјата. Тој додаде дека Владата и граѓанските организации „имаат ист бизнис, различни страни но иста цел – економски, човечки и културен развој на Македонија.“

Присутните ги поздрави и Дитер Тик, шеф на операции во Делегацијата на Европската комисија и Кристин Бедоја, директор на Тријалог и Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС.

88dff948ccf68945b7b4b761a586fd24

Конференцијата овозможува за прв пат да се разговара за развојната соработка на Република Македонија во контекст на нејзиното приближување кон Европска Унија. Ќе бидат презентирани релевантни ЕУ политики, структури и институции како и искуства од новите земји членки на ЕУ од Централна и Источна Европа. Исто така, ќе се разговара за состојба и потребите на Македонија во овој процес.

Конференцијата ќе понуди презентации и можности за дебати на неколку теми: Политиката на Европската комисија кон меѓународната помош; Улогата на македонските граѓански организации за предпристапните инструменти (ИПА); Целите и активностите на развојната едукација и подигањето на јавната свест за развојните прашања; Капацитетот на македонските граѓански организации за вклучување во меѓународниот развој итн.

a7db9bd066c2514092be70c9dea5c529

На Конференцијата присуствуваат 40-тина претставници на граѓански организации, министерства, јавни институции, општини, развојни агенции, меѓународни организации, универзитети и други.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Развојната соработка и интеграцијата во ЕУ