Истражување - МЦМС не мереше рејтинзи на политички партии Печати
Среда, 06 Февруари 2008 01:00
Македонскиот центар за меѓународни истражувања (МЦМС) упати апел до политичките партии да не го употребуваат или оспоруваат извештајот за утврдување на партиски рејтинзи, бидејќи тој не е наменет за тоа.
МЦМС во декември 2007 година го објави истражувањето Општествена одговорност на граѓаните. Целта на истражувањето е анализа на перцепциите и ставовите на граѓаните во однос на општествената одговорност (владеење на правото и граѓанска партиципација).

Теренската анкета ја спроведе Институтот за социолошки и политичко правни истражувања (ИСППИ) во декември 2007 година.

Општествената одговорност е анализирана и во однос на демографските и социјалните разлики на истражуваниот примерок, меѓу другото и во однос на идеолошката определеност на граѓаните. Идеолошката определеност е утврдувана преку прашањето „Која политичка партија ја чувствувате како своја?“.

Интерес на извештајот е општествената одговорност на граѓаните, а не рејтингот на политичките партии или како граѓаните би се изјасниле во случај на избори, односно воопшто не се поставени прашања за рејтинг на политички партии или за изјаснување во случај на избори.

Затоа одговорите на прашањето „Која политичка партија ја чувствувате како своја?“ не се дел од главниот текст, туку во прилог Структура на примерокот.

Исто така одговорите на поставеното прашање „Која политичка партија ја чувствувате како своја?“ не може да се споредуваат со одговори на прашањето „За која партија би гласале“.

Замолуваме политичките партии да не го употребуваат (или оспоруваат)  извештајот за утврдување на партиски рејтинзи, бидејќи истиот не е наменет за тоа.

Поврзани: