Кампања: Еден до друг – различни, а еднакви - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кампања: Еден до друг – различни, а еднакви PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 10 декември 2007 01:00

Денес, 9 декември 2007 година, во 2007 година Европска година за еднакви можности на сите, пред 10 декември, Меѓународен ден на човековите права, повеќе граѓански организации одржаа прес конференција на која беше промовирана заедничката иницијатива за недискриминација „Еден до друг – различни, а еднакви“, чии цели се јакнење на свеста за недискриминација и концептот на еднакви можности, донесување на општ Закон за недискриминација и формирање на независна комисија/тело за заштита на човековите права.

еден до друг

 

На прес конференцијата говореа Емина Нурединовска, МЦМС, Звонко Шаврески, Полио плус, Мухамед Точи, Месечина и Мирјана Најчевска, експерт.

Граѓанските организации информираа зошто сметаат дека на Македонија и се потребни активности за антидискирминација, што досега е направено во врска со антидискриминацијата и кои ќе бидат следните чекори.

Во иницијативата меѓудругите се вклучени: Полио плус, Центарот за човекови права и решавање на конфликти, Месечина – Гостивар, Асоцијација за демократски иницијативи – Гостивар, Меѓаши, Македонски центар за права на жените, ХОПС, МЦМС.

Во прилог е заедничкото барање Општ закон за не-дискриминација, сега.

Поаѓајќи од стремежите на граѓаните на Македонија кон мир, хармонија и и просперитет, заснован на почитување на разноличноста и еднакви можности за сите.

Во 2007 година Европска година за еднакви можности на сите, пред 10 декември, Меѓународен ден на човековите права, со почетокот на иницијатива Еден до друг, различни, а еднакви.

Ние, претставниците на граѓанските организации, бараме:

ОПШТ ЗАКОН ЗА НЕ-ДИСКРИМИНАЦИЈА, СЕГА

Граѓанските организации зе здружуваат во барањата да се донесе Национална стратегија и општо законодавство за анти-дискриминација во 2008 година и да се формира независна комисија за човекови права до 2009 година.

Македонија нема општ закон за анти-дискриминација. Ова прашање не е уредено или не е јасно уредено во законите за јавните услуги како: здравствена заштита, образование, социјална сигурност и други услуги, а има и одредби спротивни на меѓународните договори. Македонија со приближувањето кон ЕУ има обврска да донесе општ закон за анти-дискриминација.

Македонија има Закон за еднаквост на жените и мажите и иницијативи како Законот за правата на лицата со хендикеп, кој е во собраниска постапка.

Македонија има законодавство (Закон за работни односи) кое забранува дискриминација при вработување и на работното место, врз основа на: расата и бојата на кожата; полот; возраста; здравствената состојба и инвалидност; религиозно, политичко и друго убедување, членување во синдикати; националното (етничко) потекло; социјалното потекло, статусот на семејството и имотната состојба, половата насоченост или заради други лични состојби. Овие одредби се усогласени со законодавството на Европската унија (ЕУ).

Македонија нема независно тело за заштита од дискриминација. Жртвите на дискриминација во јавниот сектор може да се обратат до Народниот правобранител.

Жртвите на дискриминација може да побараат судска заштита (во редовните судови), или да поднесат иницијатива до Уставниот суд (во случаите на дискриминација врз основа на пол, раса, верска, национална, социјална или политичка припадност), а исто така може да им даде поддршка и граѓанска организација.

Дражавата се обврзала (со национална програма) да донесе општо законодавство за анти-дискриминација до 2009 година. Ние бараме да се донесе Национална стратегија и општо законодавство за анти-дискриминација во 2008 година и да се формира независна комисија за човекови права до 2009 година.

Погледнете го видео записот од кампањата.

{youtube}Q3z45kEpHxg{/youtube}

 

Во иницијативата се вклучени:

Полио плус: www.polioplus.org.mk
Центарот за човекови права и решавање на конфликти: www.chrcr.org.mk
Месечина – Гостивар: www.mesecina.org.mk
Асоцијација за демократски иницијативи – Гостивар: www.adi-macedonia.org
Меѓаши: www.childrensembassy.org.mk
Македонски центар за права на жените: www.mwrc.com.mk
ХОПС: www.hops.org.mk
МЦМС: www.mcms.org.mk

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Кампања: Еден до друг – различни, а еднакви