Промоција успешно искористување на фондовите ИПАРД Печати
Среда, 09 мај 2007 01:00

промоцијаНа 9 мај 2007 во Скопје, хотел Холидеј инн, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Македонската развојна фондација за претпијатија оддржаа промоција на публикацијата Успешно искористување на фондовите ИПАРД. Во публикацијата се собрани дел од искуствата на поранешните земји – кандидатки за членство во ЕУ. Публикацијата ја промовираше заменик-министер за земоделство, шумарство и водостопанство, Перо Димшоски. На присутните им се обратија и некои од авторите, Мате Ѓорѓиевски и Валентина Ѓошеска. Промоцијата беше дел од манифестацијата Европски ден на претприемачот.

Публикацијата „Успешно искористување на фондовите ИПАРД“ на Македонскиот центар за меѓународна соработка и на Македонската развојна фондација за претпријатија ги собира искуствата на поранешните земји – кандидатки за членство во ЕУ со правниот и фактичкиот претходник на ИПА(РД), со програмата САПАРД. Читателите можат да извлечат поуки од тие искуства; да утврдат кои се и какви треба да бидат административните капацитети и структури коишто ќе ја раководат финансиската помош; да се информирааат за начините на раководење со фондовите ИПАРД и за условите под кои Македонија ќе може да ги користи овие фондови.

Оваа публикација овозможува јавноста да се запознае со условите и критериумите за одобрување проекти и користење средства од програмата ИПАРД; и да се запознае со методологијата на постапката за изработка и оценување на инвестициските програми итн. Претпристапната помош за рурален развој (ИПАРД), која изнесува 31,5 милиони евра има специфична долгорочна цел во насока на подготвување на македонскиот земјоделско-прехранбен сектор кон исполнување на барањата на aquis communitaire, како и ефикасно спроведување на програмите и искористување на фондовите од Европската Унија.


Поврзани: