Промоција - извори на финансирање од Европска Унија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промоција - извори на финансирање од Европска Унија PDF Печати Е-пошта
Среда, 09 мај 2007 01:00

r1МЦМС на 9 мај ја промовираше публикацијата “Прирачник за граѓански организации – извори на финансирање од Европската унија”. Прирачникот е производ на обуката за мобилизација на ресурси што се спроведе како дел од проектот „Партнерство во акција – зајакнување на Балканската мрежа на граѓанското општество”. Промоцијата се одржа во рамките на Европскиот ден на претприемачот. Публикацијата ја промовираше Нафи Сарачини, претставник на Делегацијата на Европската комисија во Скопје. На промоцијата присуствуваа околу 30 претставници на граѓанските организации, приватниот сектор, локални власти и медиумите.
Европската комисија е најголемиот донатор во Европа. Се проценува дека 1 милијарда евра (од вкупниот буџет од 100 милијарди евра) се расположливи за проекти на граѓанските организации, а тоа е врвот на ледениот брег. Многу е сторено во последната деценија од страна на самите граѓански организации во насока на зголемување на буџетот фокусиран повеќе на економските политики кон практично секоја област на активност генерирана од граѓанските организации. Поради ова, проблемот не е во недостигот на програми или фондови. Тие покриваат многу широк делокруг на активности. Практично, секој проект кој има вистинска европска димензија и може да се поврзе со политиките на ЕУ, наоѓа соодветен фонд. Проблемот лежи повеќе во имањето добра стратегија за приоѓање до буџетот на ЕУ.

r2Прирачникот беше подготвен со цел да го преброди расчекорот и е пионерски потфат во обезбедување на сеопфатни и ажурирани информации и достап до инструментите на ЕУ за финансирања значајни за граѓанските организации во регионот и пошироко. На промоцијата, прирачникот беше означен како одличен и незаменлив извор на информации за граѓанските организации како и други институции и организации.
Публикацијата беше подготвена од Сервисот за европска граѓанска акција (ECAS), Брисел, Белгија и издадена од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), секретаријатот на BCSDN мрежата. Екуменската хуманитарна организација (EHO), Србија, и Албанската фондација на граѓанското општество (ACSF), Албанија, членови на BCSDN, придонесоа публикацијата да биде преведена на локалните јазици. Прирачникот има 262 страници и дава преглед на информациите распрскани преку интернет страниците на различните генерални директорати на Европската комисија на едно место во концизен пример.


Балкански граѓански практики е периодична публикација и се печати еднаш до два пати годишно. Секое издание од публикацијата содржи прилози со фокус тема и поврзани содржини, основани на претходно одржан семинар/работилница/обука на истата тема. Селекцијата на темите е направена од страна на мрежата. Покрај англиското издание, публикацијата е достапна на три регионални јазици (албански, српско/хрватски, и македонски). Електронските верзии се достапни на интернет страницата на BCSDN. Печатени копии во ограничен број се достапни во секретаријатот на мрежата.

СОДРЖИНА

1. Вовед во финансирањето од ЕУ
1.1 Општ вовед
1.2 Буџет на ЕУ
1.3 ГД и служби за надворешно финансирање
1.4 Реформа на управувањето со надворешна помош
1.5 Совети на ЕКАС за добивање фондови за надворешно финансирање
1.6 Прилози

2. Финансирања од фондации и корпоративни спонзори
2.1 Вовед во фондации
2.2 Категоризација
2.3 Финансирање од фондации
2.4 Мапа на секторот на фондации
2.5 Процес на аплицирање
2.6 Вовед во корпоративни спонзори
2.7 Профили на фондации и корпоративни спонзори

3. Интерни буџетски ставки
3.1 Список на интерни буџетски ставки

4. Структурни фондови и кохезискиот фонд
4.1 Политиката на еу за социјална, економска и територијална кохезија
4.2 Структурните фондови и кохезискиот фонд

5. Надворешни буџетски ставки
5.1 Листа на буџетски ставки
5.2 Финансирање на програмите

6. Претпристапна помош, помош за Западен Балкан, европска соседска политика
6.1 Претпристапна помош
6.2 Помош за западен балкан - КАРДС
6.3 Европската соседска политика (ЕНП)

7. Корисни линкови и контакти

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Промоција - извори на финансирање од Европска Унија