Промовиран Адресарот на општините во Република Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промовиран Адресарот на општините во Република Македонија PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 04 декември 2006 01:00

Буџетите на општините и развојните проекти не водат во социјална кохезија и надминување на јазовите посебно урбано-руралните, е еден од заклучоците од промоцијата на Адресарот на општините во РМ што се одржа на 29 ноември 2006 година во хотелот Холидеј ин во Скопје во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Заедницата на единиците на локлната самоуправа (ЗЕЛС).

w1


Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) заедно со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) на 29 ноември оваа година во 12 часот во хотелот Холидеј ин во Скопје го промовираа новото издание на Адресарот на општините во Република Македонија.

Новиот Адресар на општини во Република Македонија нуди интересни информации за сите 84 општини и градот Скопје. На 246 страници, освен основните контакти презентирани се и демографските податоци, структурната поставеност на општината и податоците за институциите што се под ингеренција на општината.

Издавањето на новиот Адресар го поздрави г. Зоран Коњановски, Министер за локална самоуправа, г. Андреј Петров, претседател на ЗЕЛС, и г. Сашо Клековски, извршен директор на МЦМС. Клековски презентираше и дел од информациите што ги опфаќа Адресарот. Според тие информации, големи се јазовите во развојот помеѓу Скопје и другите региони во Македонија како и помеѓу урбаните и руралните подрачја. Сликата дополнително ја влошува отсуството на стратегија за локален развој, посебно во рурални подрачја. Ова отсуство само ги продлабочува јазовите. На основа податоците што ги дале самите општини, главни приоритети за локален економски развој се земјоделието, малото стопанство и комуналната инфраструктура, додека, главните стопански гранки се земјоделието, малото стопанство (трговија, текстил) и комуналната инфраструктура. Според Адресарот главните еколошки приоритети се управувањето со цврст комунален отпад и одведување на фекалните отпадни води. „Буџетите на општините и развојните проекти не водат во социјална кохезија и надминување на јазовите посебно урбано-руралните“, рече Клековски во својата презентација, а „високото ниво на развојни проекти и покрај учеството на Владата зависат од странска помош“, додаде тој.

w2

Адресарот на општини на Република Македонија е испечатен на македонски, албански и на англиски јазик и достапен во печатена и во електронска верзија. Публикацијата чини 300 МКД (со бесплатно ЦД) и е достапна во МЦМС.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Промовиран Адресарот на општините во Република Македонија