МЦМС потпиша договор со две нови општини - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС потпиша договор со две нови општини PDF Печати Е-пошта
Среда, 22 октомври 2008 01:00

На 21 октомври оваа година, со свечено потпишување на договорите за реализација на програмата „Форуми во заедницата“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), вчера во Скопје, беа промовирани новоизбраните општини Кочани, Битола, Ново Село, Берово, Сарај, Ресен, Долнени и Свети Николе, во кои ќе се реализира втората фаза од програмата.

030

 

Македонскиот центар за меѓународна соработка е избран да работи во две нови општини, Битола и Ресен, до април 2010 година. Моментално МЦМС ги спроведува активностите од програмата во општина Карбинци.

Во реализацијата на програмата покрај ЗЕЛС учествуваат и пет граѓански организации.

Главната цел на програмата „Форуми во заедницата“ е да се поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво, со форумскиот процес преку кој им се овозможува на граѓаните со сопствени идеи и учество во работата на локалните власти да го подобрат сопствениот живот.

039

Буџетот за втората фаза, која ќе се одвива од ноември годинава до април 2010 година, изнесува вкупно 60 милиони денари, од кои 44,5 милиони денари се донација на СДЦ, а 15,5 милиони денари сопствено учество на општините.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС потпиша договор со две нови општини