Промоција на програмата „Македонија без дискриминација“ Печати
Среда, 10 декември 2008 12:49

На 10 декември 2008 година, како дел од одбележувањето на денот на човековите права и 60 годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права на ОН, во ЕУ инфо центарот беше промовирана програмата „Македонија без дискриминација“, која за дел од активностите е поддржана од Европската Комисија, во рамките на Програмата ПРОГРЕС.

promocija-programa-makedonija-bez-diskriminacija

Оваа поддршка е воедно првата која што ја добива Република Македонија од програмата Прогрес. Македонија без дискриминација е заеднички потфат на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Полио Плус-движење против хендикеп, Центарот за човекови права и разрешување на конфликти и неколку други граѓански организации активни во борбата против дискриминацијата.

Во рамките на поддршката од Прогрес партнер со свое финансиско учество и спроведување на активности е и Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.

На настанот беше промовиран и  Поимникот на изрази поврзани со дискриминација , кој е дел од активностите на програмата Македонија без дискриминација.


Поврзани: