Отворени понудите од тендерот за Јегуновце Печати
Понеделник, 26 јануари 2009 13:31

На 23 јануари 2009 година, во МЦМС,  јавно беа отворени понудите од тендерската постапка за изработка на Основен проект на основните објекти за водоснабдување на населено место Јегуновце. На тендерот пристигнаа четири понуди.

otvoreni-ponudite-od-tenderot-za-jegunovce

Анализата и оценката на понудите ќе биде направена во блиски консултации со донаторот Заедницата на општини на Норвешка (КС) и вклучените консултанти од Србија. Првата недела од февруари се очекува избор на најповолен понудувач. Изготвувањето на Основниот проект се очекува да биде комплетиран во последната недела од месец март 2009 врз основа на што ќе може да започне подготовката на потребната документација (вклучително и постапки) за почеток на изградбата на водоводниот систем.


Поврзани: