Македонски центар за меѓународна соработка

Македонски (Macedonia)Shqip(Shqiperia)English (United Kingdom)
Повеќе од 150 граѓани на првата форумска сесија за Радовиш и Конче
Среда, 21 октомври 2009 13:13
smaller text tool iconmedium text tool iconlarger text tool icon

Граѓаните на Радовиш и Конче покажаа голем интерес за првата форумска сесија што се одржа на 8 октомври во Радовиш. Дојдоа да видат каде и како можат да се вклучат во подобрувањето на животот во нивните општини.

Повеќе од 150 граѓани на првата форумска сесија за Радовиш и Конче

Граѓаните ги поздравија претставниците на МЦМС и Единицата за координација на форумите, како и двајцата градоначалници. Во текот на форумската сесија тие се запознаа со идејата на форумите, со структурата, се поделија во работни маси на кои ќе ги водат дискусиите, ги усвоија правилата за работа на Форумот и го погледнаа документарниот филм за тоа како се спроведувале форумите во првите општини.

Повеќе од 150 граѓани на првата форумска сесија за Радовиш и Конче

Темата на дискусиите во следните форумски сесии ќе биде водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води. Граѓаните најмногу покажаа интерес да дискутираат за оваа тема од аспект на заштита на животната средина.

Следната сесија ќе се одржи на 5 ноември 2009 година.

 

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Повеќе од 150 граѓани на првата форумска сесија за Радовиш и Конче