Кампања „Македонија без корупција“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кампања „Македонија без корупција“ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 04 септември 2007 13:34

[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја поддржува кампањата „Македонија без корупција“, како дел од севкупните мерки за искоренување на корупцијата.

МЦМС смета дека постои потреба од подигната јавна свест дека корупцијата е неприфатлива  и мора јавно да се осудува, дека сите граѓани се одговорни за борбата и мора да се соработува со државата за нејзино искоренување.

Согласно со јасната потреба, употребата на средства на македонските граѓани и даночни обврзници за таа намена е сосема легитимна.

Владата не смее да се воздржува од давање на јавна информација за употреба на буџетот. Необјавувањето на средствата кои се издвојуваат за таа намена, не е во духот на јавноста и транспарентноста и сериозно ја подрива и кампањата и самата борба против корупцијата.

МЦМС од самото основање ги применува принципите на јавност и добро управување. Како и многу други граѓански организации, МЦМС се залага за подобрена јавност и транспарентност и добро управување на самиот граѓански сектор. Заложбите се артикулираат преку активности како што се:  „Заедно за транспарентност“, Етички кодекс на граѓанските организации, стандарди и развој на добро управување.

Корупцијата и невработеноста (сиромаштијата) се два врвни и долгорочни проблеми на Македонија.

За нивно сузбивање е потребна коалиција на актери со добра волја, како од јавниот, така од приватниот и од граѓанскиот сектор.

МЦМС повикува на што поскоро  воспоставување на коалиција на Владата со граѓанскиот сектор за сузбивање на корупцијата.

МЦМС ја повикува Владата и за што поскоро исполнување на клучни мерки како подобрено (потранспаретно) финансирање на граѓанските организации, зголемена одржливост на граѓанските организации вклучени во искоренувањето на корупцијата и учество на граѓанскиот сектор во креирање на политиките.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Кампања „Македонија без корупција“