Промовирани првите три истражувачки публикации Печати
Среда, 24 декември 2008 12:39

[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка ги промовираше првите три истражувачки публикации:

  • Слобода на изразувањето на м-р Слаѓана Димишкова,
  • Невладиниот сектор како етички коректив на општеството на м-р Дејан Донев и
  • Функционирање на Економско социјалниот совет на Република Македонија во периодот 1997-2007 година на м-р Андон В. Мајхошев.

Промоција на првите три истражувачки публикации

На крајот на претходната година Македонскиот центар за меѓународна соработка распиша конкурс за доделување грантови за истражувачки публикации кои ќе обработуваат прашања од областа на граѓанското општество. Основната идеја за истражувачките публикации беше да се мотивираат младите луѓе, постдипломци, за нивните магистерски трудови да истражуваат на теми кои се од интерес за граѓанското општество. Истражувањата и анализите ќе придонесат кон давањето на неопходната длабочина на граѓанското општество. Имајќи предвид дека авторите ќе бидат главно млади луѓе, граѓанскиот сектор ќе стекне познавачи кои и во иднина ќе можат да се ангажираат. На овој начин ќе се зголеми и бројот на луѓе кои имаа експертиза за одредени прашања поврзани со граѓанското општество. Овие публикации треба да бидат основа за дискусии и за развој на стратегии и планови за развој на граѓанското општество, базирани на истражувања и аргументи.

МЦМС понуди поддршка во форма на грантови кои можеа да се користат за истражувачки трошоци и за публикување на истражувањата. Со проектот се поддржани издавањата на 10 истражувачки публикации. Вкупната поддршка изнесува 730,000 денари.

Публикациите ги промовираа: проф. д-р Лидија Христова, д-р Александар Димитриев и Драган Павловиќ – Латас.


Поврзани: