Како се спроведува олеснувањето на визниот режим Печати
Петок, 06 јуни 2008 01:00
[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ве поканува на прес конференција на која ќе бидат презентирани активностите што се однесуваат на спроведувањето на договорот за визно олеснување за граѓаните на Република Македонија.

Прес конференцијата ќе се одржи на 10 јуни 2008 година, во 12 часот, во хотелот Холидеј ин. 

Со овој проект МЦМС и Македонија се дел поголем регионален проект што ќе се спроведува и во Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Во вторник (10 јуни 2008 година), во 12 часот, во сите овие земји, во исто време ќе се одржат прес конференции на истата тема.

За повеќе информации за настанот можете да се обратите до Гонце Јаковлеска, соработник за односи со јавноста во МЦМС; Тел: 02/3065-381, 070/252-081 е-пошта: gјк@mcms.org.mk