1994 - Основна помош Печати

1994 година на формулација на целите

МЦМС растеше и јакнеше благодарејќи на знаењето и вештината што му ги пренесеоа ХМП и Херт Јан ван Апелдорн. Се спроведоа првите проекти за водоснабдување, основна помош и рехабилитација на сушните региони, помош за лицата со хендикеп. Беа поддржани активности на граѓански организации.

Програмата за рурален развој беше насочена кон селата погодени од десетгодишната суша, во општините Прилеп, Велес, Свети Николе, Штип, Радовиш и Струмица, а подоцна и планинските села во западниот дел од земјата, во општините Гостивар, Дебар, Кичево и Македонски Брод. Многу семејства добија иницијална помош за закрепнување од последиците од сушата; се започнаа и се изградија водоводи, три микроакумулации, се отворија работни места во текстилната фабрика во прилепското село Славеј.

Намалени маките на селото Славеј

Селото Славеј, општина Прилеп беше едно од селата погодени од суша во почетокот на деведесетите години. Во с. Славеј тогаш живееја околу 450 жители. Мал дел од населението се занимаваше со земјоделие бидејќи немаа сопствено земјиште. Еден дел од нив беа вработени во земјоделскиот комбинат или во текстилната фабрика, што постеше во селото. Пред помошта на МЦМС за изградба на водоводот во селото, жителите имаа големи проблеми во обезбедувањето вода.

„Вода си полниме од селската чешма. Иако капе по малку некако се снаоѓаме. Некои од комшиите имаат и бунар во дворот“, изјавила тогаш баба Марија.

„Мама ме праќа неколку пати на ден да полнам вода од чешмата. Кога сум на училиште, и помага сестра ми. Преку лето иако има помалку вода не е толку тешко, но зиме, во студ, е поинаку“, ги раскажал своите искуства малиот Кирил.

Освен помошта за водоводот, во селото Славеј МЦМС исто така обезбеди и 17 индустриски машини за текстилната фабрика, со што се обезбедиле 14 вработувања на жените. МЦМС и даде на фабриката заем, кои ги исплати во текстилни добра, односно во зимски јакни за Ромите. Хуманитарната помош беше дистрибуирана преку организациите Хомос, Месечина и Даја.

„Во текот на 1994 година МЦМС растеше и јакнееше благодарејќи на големата подршка од ХМП и знаењето, вештината и благодарноста што на МЦМС и го пренесе Херт Јан ван Апелдорн, претставник на ХМП во Македонија. МЦМС се калеше преку блиската работа со ХМП, преку првото „застанување на нозе”, проодувањето и осамостојувањето. Остварувајќ и ја својата цел ХМП го затвори своето претставништво во Македонија, но остави локална организација, МЦМС која во целост може да ја превземе одговорноста за пред себе поставените цели.”

Годишен извештај на МЦМС за 1994 година.

1994


Поврзани: