Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

1998 – МРФП и награда од ЕУ и САД PDF Печати Е-пошта

1998-godina-na-gradenje-na-svesta-i-odrzlivosta1998 година на МЦМС му ја донесе најголемата награда, Наградата за демократија и граѓанско општество, доделена од САД и ЕУ. МЦМС ја основа Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како дел од напорите за поголемо влијание во секторот на МСП и вработување. Законот за здруженија на граѓани и фондации е прв успешен пример за лобирање и застапување.

Периодот 1998-2000 година беше многу значаен за МЦМС, за целата држава и за регионот. МЦМС се фокусира на одржливиот развој и градењето свест, наместо на развојот и рехабилитацијата кои беа фокус во претходниот период. И, секако, клучен фокус во овој период беше градењето на мирот и разбирањето.

1998 година на МЦМС му донесе неколку успеси: Наградата за демократија и граѓанско општество, доделена од САД и ЕУ, започнување на среднорочниот план 1998-2000 година, основањето на Македонската развојна фондација за претпријатија – МРФП.

МЦМС ја доби САД/ЕУ наградата за демократија и граѓанско општество

На 18 мај 1998 година на МЦМС му беше доделена САД/ЕУ Наградата за демократија и граѓанско општество. „Во име на Соединетите држави на Америка и Европската заедница, со воодушевување ја истакнуваме вашата храброст и посветеност во промоцијата на основните принципи кои ја поддржуваат демократијата и граѓанското општество. Вашите напори даваат поттик и инспирација за сите нас“, се вели меѓу другото во обраќањето на Бил Клинтон, Жак Сантер и Тони Блер.

САД/ЕУ Наградата за демократија и граѓанско општество е воспоставена една година претходно по повод 50 годишнината од Маршаловиот план и 40 годишнината од Римскиот договор.

“Наградата е големо признание за досегашната работа на МЦМС, но и предизвик за работењето во иднина. Наградата за демократија и граѓанско општество доделена од САД и Европската унија е признание и поддршка за постигнување на идеалот. Таа е потврда дека меѓународната заедница ќе ги поддржи и помогне оние кои се подготвени самите на себе да си помогнат. Можеби МЦМС и сите граѓански организации се немоќни во постигнувањето на идеалот, но наше право е да сонуваме и да работиме за заедничка иднина и за таа цел да дадеме се од себе, заедно“, рече програм директорот на МЦМС Сашо Клековски при добивањето на наградата.

Заради поттикнување на натамошниот развој на демократијата и граѓанското општество, МЦМС одлучи наградата во износ од 20.000 УСД да ја употреби за основање Фонд за награда за придонес во развојот на граѓанското општество на локално ниво.

„МЦМС ја основа Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како дел од напорите за поголемо влијание во секторот на вработување и остварување приходи.”

Годишен извештај на МЦМС за 1998 година.

1998

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја 1998 – МРФП и награда од ЕУ и САД