Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

2004 – Don't you FYROM me и Меѓутоа PDF Печати Е-пошта

2004-godina-na-zgolemeni-aktivnosti

МЦМС и многу други организации ја започнаа кампањата „Кажи Македонија“ (Don't you FYROM me). Во партнерство со ЗНМ и пет весници се промовираат различните гледишта на известувањето за меѓуетничките односи. Соработката се капитализираше со формирањето на Граѓанската платформа на Македонија. Започнаа разменските посети меѓу православниот и исламскиот теолошки факултет.

Годината ќе остане запаметена по големата загуба што и се случи на Македонија кога трагично ги изгуби претседателот Борис Трајковски. МЦМС во претседателот Борис Трајковски загуби долгогодишен поддржувач и пријател.
Во оваа година вкупниот обем (портфолио) на МЦМС беше 94 проекти, а буџетот приближно 80 милиони денари. Трендот на зголемени активности за застапување и градење капацитети (обука) продолжи. Годината ја одбележаа и редовните избори за управувачките структури на МЦМС – Советот и Управниот одбор. Мирко Спироски, кој беше претседавач на Управниот одбор од основањето на МЦМС во 1993 година, се повлече и за нова претседавачка  е избрана Наташа Габер-Дамјановска. Соработката со многу и со различни партнери се капитализира со формализирање на две структури: Граѓанската платформа на Македонија и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество.

Кажи Македонија

Кампањата ја иницираа повеќе граѓански организации како реакција на уредбата на Советот на Европа со која Македонците беа преименувани во „славомакедонци”. Во викенд-изданијата на дневните весници Дневник, Утрински весник и Вест, на 20 март, беа инсертирани „честитки” протестна содржина, со можност за избор директно да се адресираат до Советот на Европа или до Канцеларијата на Советот на Европа во Македонија. Од 24 март во центарот на Скопје започна акцијата за јавно испраќање на разгледниците и јавно потпишување на протестното писмо. Од 29 март акцијата се прошири и во целата земја. “Ние сме Македонци, сме се родиле во Македонија и зборуваме македонски. Тоа е нашата порака до Стразбур. Се надевам дека на оваа идеја ќе ви се приклучат и уште волонтери”, беа зборовите на граѓаните Ивица Најдовски и Сандра Петровска упатени до Стразбур. Беше упатено и отворено протестно писмо, во кое се бара повлекувње на уредбата и почитување на основниот принцип на Советот на Европа. “Ниту меѓународното право, ниту етиката, не & дава за право на некоја организација или на друг субјект во рамките на меѓународната заедница да одлучува за идентитетот и потеклото на една нација”..., меѓу другото, се истакнуваше во протестното писмо.

Подобро запознавање на другите религии

Деканите на Факултетот за исламски науки и на Богословскиот факултет разменија предавања, а возвратни посети остварија и студентите на двата факултета. Исмаил Бардхи, деканот на Факултетот за исламски науки, за првпат одржа предавање на Богословскиот факултет на темата „Куранска егзегеза”. „За многумина ова е нешто ново, но тоа е добар начин подобро да се запознаеме со другите религии, што е добро и за подобар соживот во Македонија. Кај што има дијалог, таму има место за разбирање”, рече деканот на Богословскиот факултет, Јован Таковски. Возвратното предавање се одржа на Факултетот за исламски науки. Предавањето на деканот Таковски предизвика голем интерес од страна на студентите на овој факултет. „Ова е позитивен чекор за двете заедници. Иако времето беше кратко, сепак успеавме да му поставиме доста прашања на деканот на Богословскиот факултет. Имаше голем интерес од наша страна да слушнеме повеќе. Сосем поинаку е кога за одредена тема слушаш од нашите професори и од компетенти лица од таа сфера и обратно”, ни рече Зухри Весели, студент на Факултетот за исламски науки.

„И покрај трагедијата Македонија се придвижувше од стабилизација кон интеграција во ЕУ. Беше поднесена кандидатурата за членство во ЕУ. Во оваа година МЦМС влезе во втората декада од своето постоење што беше повод за рефлексија на постигнувањата во претходниот период, преку долгорочна надворешна оценка, како основа за соочување со предизвиците што претстојат.”

Годишен извештај на МЦМС за 2004 година.

2004

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата историја 2004 – Don't you FYROM me и Меѓутоа