Емина Нурединоска - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Емина Нурединоска PDF Печати Е-пошта

Емина НурединоскаЕмина Нурединоска, раководител
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+ 389 2 3088 979

Родена е на 16.04.1974 година, во с. Жировница. Дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1997 година. Од 2010 година магистер е по меѓународно право - тема „Слободата на здружување како човеково право во демократијата“ на Правниот факултет „Јустинијан 1“ во Скопје. Фокусот на активности е институционален развој и создавање овозможувачка околина за граѓанските организации, а посебен интерес е правната и фискалната рамка за граѓанските организации, нивна вклученост во креирање на политиките и промоција на граѓанскиот сектор во јавноста. Автор е на повеќе анализи од областа на граѓанскиот дијалог на национално и локално ниво, транспарентното вклучување на јавноста во креирањето на политиките, јавното финансиран за граѓанските организации, и сл. Исто така, испорачува обуки за застапување и лобирање; добро управување во граѓанските организации; процес на креирање политики и донесување закони. Од декември 2005 до септември 2007 година беше лидер на тимот на проектот на Европската агенција за реконструкција (ЕАР) „Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата на Република Македонија“, во чии рамки беше подготвена Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор. Во периодот од 2008 до 2011 ги координира активностите на програмите Македонија без дискриминација и Добро управување во Македонија, а во моментов раководи со програмата на УСАИД за борба против корупцијата која ја спроведува МЦМС. Од октомври 2010 година е раководител на Одделението за граѓанско општество и демократизација во МЦМС.

LinkedInhttp://mk.linkedin.com/in/eminanuredinoska


Emina NuredinoskaEmina Nuredinoska

 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата структура Извршна канцеларија