Симона Трајковска - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Симона Трајковска PDF Печати Е-пошта

strСимона Трајковска, Помлад соработник на проект
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+389 2 3065 381

Симона Трајковска работи како помлад соработник на проекти во одделението за граѓанско општество и демократизација. Родена е на 28.1.1991 година во Скопје. Од 2015 година е магистер по меѓународно јавно право и меѓународни односи на тезата „Преговорите како метод на мирно решавање на меѓународните спорови“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Своите активности во МЦМС ги започнува како волонтер од септември 2015 година, а од декември истата година е во редовен работен однос. Фокусот на нејзиниот интерес е во демократизацијата на општествените односи и улогата на граѓанското општество, владеењето на правото и човековите права и слободи.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата структура Извршна канцеларија