Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Александар Кржаловски PDF Печати Е-пошта

akrАлександар Кржаловски, Прв извршен директор
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Роден е на 19.6.1969 г. во Скопје. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1993 г. За време на студиите е активен во три студентски граѓански организации. Во МЦМС е ангажиран од 1995 г. Од октомври 2009 г. е во Одборот на директори во МЦМС. Тој е одговорен и за програмите кои се насочени кон односите меѓу заедниците и за Балканот. Кржаловски има големо искуство во координација и раководење со различни проекти и програми (вклучувајќи и идентификација, формулација, набљудување и оценување), меѓу кои и големите хуманитарни операции 1999-2001 г. и активности кои вклучуваа чувствителни целни групи (пр. верски заедници и поранешни борци). Беше член и на Националниот совет за европски интеграции при Собранието на Република Македонија во периодот 2007-2011 година. Од 2000-та година, неговото искуство се надградува и со учества во консултантски мисии за организациски и програмски оценки во Македонија и на Балканот. Ко-автор е и на неколку публикации.

LinkedInhttp://mk.linkedin.com/in/aleksandarkrzalovski

 


Aleksandar Krzalovski t(1)   Aleksandar Krzalovski t(2)   Aleksandar Krzalovski t(3)
Aleksandar Krzalovski t(4)   Aleksandar Krzalovski t(5)   Aleksandar Krzalovski t(6)
Aleksandar Krzalovski t(7)   Aleksandar Krzalovski t(8)   Aleksandar Krzalovski t(9)
Saso-Klekovski-Aleksandar-Krzalovski-t(1).JPG   Saso-Klekovski-Aleksandar-Krzalovski-t(2).JPG

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашата структура Одбор на директори