Проценка на реинтеграцијата на раселените лица и ревитализација на регионите погодени од конфликтот во Македонија Печати

Автори: Мануел Раст, Ралф Ланге, Александар Кржаловски, Висар Адеми, Зоран Костов
Дата: 2004 година
PDF:   procenka-na-reintegracija-i-revitalizacija-2003.pdf

Проценка на реинтеграцијата на раселените лица и ревитализација на регионите погодени од конфликтот во МакедонијаПоминаа две години од конфликтот што ја доведе Македонија до работ на граѓанска војна. Иако многу работи беа направени во однос на давање помош, се чувствува дека поранешните кризни региони, како и останатиот дел од земјата, не се закрепнати и дека состојбата во општеството во целина с# уште е чувствителна.

Имајќи го ова на ум, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), граѓанска, непрофитна организација, основана во 1993 година, која е активна на планот на развој, рехабилитација и помош, заедно со Амбасадата на Кралството Холандија, реши да изработи сеопфатна студија со цел да го процени постигнатиот прогрес на полето на реинтеграција на внатрешно раселените лица и бегалците, кои ги напуштија своите домови во текот на кризата во 2001 година, да го процени напредокот во поглед на ревитализацијата во областите погодени од конфликтот, и, најпосле, да обезбеди препораки за комплетирање или, барем, за интензивирање на овие процеси.

Студијата е спроведена како заеднички потфат на МЦМС и ФАКТ – непрофитна консултантска фирма со седиште во Германија и со локални консултанти. Првата фаза, што се сосредоточи на собирање и анализа на индиректни податоци се одвиваше од јули до август 2003 година, додека работата на теренот – втората фаза – беше спроведена од 22 септември до 6 октомври 2003 година.