Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Рејтинзи на политичките партии PDF Печати Е-пошта

Автори: Сашо Клековски, Александар Кржаловски
Дата: мај 2011 година
ИСБН: 978-608-4617-27-3
PDF:   rejtinzi-na-politickite-partii.pdf

Рејтинзи на политичките партииМЦМС, во рамките на своите активности за следење на вонредните парламентарни избори ги следи и објавите на разните агенции за рејтингот на политичките партии.

Во овој извештај е презентиран преглед на последните објави на девет агенции пред претстојните избори на 5 јуни 2011 година.

Во извештајот ќе ги најдете споредбено рејтинзите на партиите, проценка на предвидениот број на освоени гласови што вклучува и проценка за излезноста на изборите и на крај, за оние агенции кои самите објавиле проценка на предвиден број пратеници, прикажана е и таа споредба по партии и агенции.

Сите анкети без исклучок, се однесуваат на изборите на територијата на Република Македонија, без дијаспората.

Прегледот е направен врз основа на комплетни информации од самите агенции доставени до МЦМС (Брима, ИДСЦС, ИПИС и Либерта), од објавените анкети на нивните веб-страници (Прогрес, Рејтинг) и од објавите во медиумите (ИСППИ, П.Шатев, Д.Чуповски).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања