Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Довербата во граѓанското општество 2013 PDF Печати Е-пошта

Автори: Емина Нурединоска, Александар Кржаловски, Даниела Стојанова
Дата: Јули 2013
ISBN: 978-608-4681-14-4
PDF: doverbata-vo-graganskoto-opstestvo-2013.pdf

doverbata-vo-graganskoto-opstestvo-2013Во овој извештај се анализирани наодите од анкетата „Довербата во институциите и во граѓанското општество во Република Македонија“, кои се однесуваат на граѓанското општество, а која беше спроведена по петти пат на национален репрезентативен примерок на граѓаните на Република Македонија. Целта на истражувањето беше да се испита довербата на граѓаните во институциите и во граѓанското општество.

Оваа година извештајот е нарачан од страна на проектот „Техничка поддршка за граѓанските организации (ТАКСО)“, финансиран од Европската Унија (ЕУ), а е подготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). МЦМС и Македонската канцеларија на ТАКСО му ја доверија анкетата на јавното мислење, врз којашто се базира овој извештај, на М-проспект, чија одговорност беше и методолошката исправност на анкетата. Повеќе информации за МЦМС и ТАКСО се дадени на крајот од извештајот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања