Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Огледало на Владата 2015: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони PDF Печати Е-пошта

Автори: Марија Саздевски, Борјан Ѓузелов, Наташа Иваноска
Дата: мај 2016 г.
ISBN: 978-608-4681-57-1
PDF:  ogledalo-na-vladata-2016.pdf
PDF:  government-mirror-2015.pdf

ogledalo-na-vladata-2016Публикацијата „Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони“ е алатка која треба да им послужи на граѓанските организации, државните службеници и општо на јавноста да се информираат за отвореноста на органите на државната управа и да ги зголемат знаењата и можностите за вклучување за процесите на подготовка на закони.

Намерата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), како издавач на оваа публикација, е да придонесе кон застапеноста и учеството на граѓанското општество во подготвувањето и спроведувањето на јавните политики, преку воспоставување и спроведување модел за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони и информирање за спроведувањето на постоечките механизми со кои е предвидено вклучување на јавноста.

Анализата се состои од два дела. Првиот дел ги содржи резултатите добиени со прашалници испратени до органите на државната управа. Преку нив е оценета отвореноста на органите на државната управа во комуникацијата со јавноста и отвореноста на процесите на подготовка на 18 акти на 10 министерства. Во вториот дел се претставени резултатите од следењето на минимумот стандарди за учество на јавноста во подготовка на законите, односно запазувањето на временскиот рок за консултации за објавените предлог-закони на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Оваа анализа се подготвува по трет пат. Заснована на методологија развиена од Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, МЦМС во 2013 г. ја издаде првата анализа со финансиска поддршка од ЕУ од инструментот ЕИДХР. Следењето на ЕНЕР и отвореноста на институциите општо за комуникација со јавноста и за транспарентност на процесите на подготовка на законите, продолжи со проектот „Огледало на Владата“ кој од јули 2013 г. до септември 2016 г. се спроведува како дел од  Програмата на УСАИД за антикорупција.

Анализата е подготвена во рамките на проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони“ како дел од Програмата на УСАИД за антикорупција. Проектот „Огледало на Владата“ за прв пат беше спроведен во 2012 година од страна на МЦМС, а со финансиска поддршка на ЕУ.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања