Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Довербата во граѓанското општество PDF Печати Е-пошта

Автори: Сашо Клековски; Александар Кржаловски; Сунчица Саздовска и Гонце Јаковлеска
Дата:
Декември 2008 година
ISBN:
978-9989-102-74-5
PDF:
doverbata-vo-gragjanskoto-opstestvo-2008.pdf

Довербата во граѓанското општествоМакедонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општата доверба, во граѓанското општество. Анкетата беше спроведена во октомври 2008 г. на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници.

Истражувањето покажа дека во Македонија е релативно ниска општата доверба и довербата во институциите. Граѓаните имаат висока доверба во сличните - доверба во семејството (97.8%) и пониска општа доверба (23.1 %) и доверба во институциите.

Образовните институции (65.8%), армијата (64.6%), полицијата (56.6%) и јавните здравствени организации (55.1%), ја имаат довербата на мнозинството, а јавните комунални претпријатија (38.8%) на малцинството. Се забележува понатамошен пораст на довербата во Владата (и на државата). Довербата во Владата е зголемена на 51% од 44.6% во 2007 година и 26,6 % во 2006 година.

Истражувањето покажа дека општата доверба во црквите и верските заедници е висока (65,6%) и стабилна – на исто ниво како и минатата година. Свештените лица имаат доверба од 54%.

Според податоците, во Македонија е во пораст недовербата и нетолерантноста кон различни групи. Во однос на претходната година за сите групи, освен за лицата зависни од алкохол и за жртвите на насилство, резултатите покажуваат зголемена нетолерантност.

Големо мнозинство од испитаниците не сакаат соседи кои се зависници од дрога (93,1%), зависници од алкохол (85%), лица заболени од сида (84,7%) и хомосексуалци (83,1%). Мнозинството не ги сакаат за соседи жртвите на насилство (58,6%) и Ромите (52,6), додека малцинство не сакаат да живеат покрај имигранти/странски работници (36,5%). Мало малцинство од испитаниците не сакаат соседи да им бидат луѓе од друга вера (30,6%), луѓе од друга етничка припадност (30,2% и невенчани парови кои живеат заедно (28,2%).

Истражувањето покажа дека општата доверба во граѓанските организации е 41,7%. Мнозинство од граѓаните веруваат дека граѓанските организации се за остварување на интересите на граѓаните и можност нивното мислење и дејствување да допре до јавноста.

Мнозинство граѓани (56,1%) знаат успешни граѓански организации, а споредено со претходно знаат и повеќе за организации кои работат во конкретни области. Познавањето на граѓанските организации е подобрено во сите испитувани области во споредба со 2007 година. Граѓаните имаа најмногу доверба во секторите: лица со посебни потреби (65,5%), деца, млади и студенти (65,2%) и жени и родови прашања (61%).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања