Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Соработка на локалната самоуправа со граѓанските организации PDF Печати Е-пошта

Автори: Весна Атанасова; Неда Милевска-Костова; Бардул Марку
Дата: 2007 година
ISBN: 978-9989-102-65-3
PDF:
sorabotka-na-lokalnata-samouprava-so-graganskite-organizacii-2007.pdf

Соработка на локалната самоуправа со граѓанските организацииПубликацијата „Соработка на локалната самоуправа со граѓанските организации” претставува истражувачки извештај за соработката на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) со (локалните) граѓански организации (ГО) во Република Македонија. Истражувањето имаше за цел да ги испита степенот и начинот на соработката на ЕЛС со ГО, посебно со оглед на зголемените ингеренции на ЕЛС за управување во општините, што претставува резултат од децентрализацијата на земјата.

Истовремено, „Соработката на локалната самоуправа со граѓанските организации” обезбедува и препораки, совети преку приказ на најдобрите практики на соработка на ЕЛС со ГО, како и поддршка за активностите на граѓанскиот сектор, како од земјата, така и надвор од неа.

Истражувачкиот извештај ги содржи следните делови: преглед на законодавната рамка за локалната самоуправа и здруженијата на граѓани и фондациите (граѓански организации); преглед на статусот на децентрализацијата во Р. Македонија; примери на соработка на ЕЛС со ГО од ЕУ; практики на соработка на ЕЛС со ГО во земјата (со примери од 10 ЕЛС во Р. Македонија). Исто така, на крајот од оваа публикација се приложени и заклучоци и препораки за измена во законската регулатива со која се уредува оваа област, како и најсоодветни алатки и принципи на комуникација помеѓу ЕЛС и ГО и механизам на соработка.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), како издавач на оваа публикација, преку обезбедување преглед на начините на соработка на ЕЛС со ГО и обезбедување препораки за најсоодветните механизми на соработка, но и поддршка од ЕЛС за ГО, прави уште еден напор за зголемување на можностите за финансирање на ГО во земјата.

МЦМС ја подготви оваа публикација како дел од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) и наедно им се заблагодарувам на членките на ГПМ, кои активно учествуваа во обезбедувањето препораки и насоки за содржината на публикацијата.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања