Јавни набавки - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавни набавки PDF Печати Е-пошта

Автори:  М-р Анета Данева Мострова
Дата: 2011 година
PDF: javni-nabavki-mkd.pdf

javni-nabavkiЈавните набавки се тема што го привлекува вниманието на целокупната јавност од почетокот на новиот милениум, поради фактот што голем процент од националниот буџет отпаѓа токму на постапките преку кои државата купува стоки, работи и услуги. Темата добива исклучително значење поради фактот што таа е една од важните области за усогласувањето со правото на Европската унија, бидејќи перспективата е создавање на единствен пазар.

Во Република Македонија, јавните набавки се воведоа во почетокот на периодот на транзицијата, во деведесеттите години на минатиот век, а со основањето на националната институција за јавни набавки, во 2005 година, се потврди желбата за координирано поставување и востановување на добрата деловна пракса во системот, што е основа за понатамошен развој и унапредување.

И покрај фактот што оваа материја има административни аспекти, несомнено е дека таа претставува креативна и развојна област, што во себе вклучува голем број дисциплини и е комплексна и креативна. Или, секој што е вклучен во процесот на јавна набавка е потенцијален создавач на добрата деловна пракса, особено поради тоа што не постојат универзални и идентични ситуации во примената, бидејќи не може идеално сè да се пропише во позитивните законски прописи, туку на долг рок потребно е подигнување на јавната свест и концентрирање на вниманието кон примена на основните принципи во јавните набавки со цел двете страни во постапката, а и целокупната јавност, да имаат позитивен поглед кон процесот на набавување.

Книгава ги разработува аспектите на јавните набавки и издадена е со цел запознавање со оваа релативно нова област, како и нејзино афирмирање, поради подигнување на јавната свест за Системот на јавните набавки, создавање на деловната пракса и, на крајот, зголемување на интересот на оние што се вклучени во процесот на проучување на материјата од практичен и од теоретски аспект. Перспективата во РМ е воведување на областа јавни набавки како посебна област на високообразовните институции.

Би сакала да се заблагодарам на рецензентите д-р Борче Давитковски, редовен професор на Правниот факултет, и д-р Игор Шолтес, претседател на Ревизорскиот суд и поранешен директор на Институцијата за јавни набавки во Словенија, кои со своето долгогодишно искуство иницираа и помогнаа во обликување на овој труд.

Исто така, се заблагодарувам на издавачот МЦМС Скопје, кој финансиски го поддржа објавувањето на оваа книга на македонски, албански и англиски јазик. Воедно, би сакала да се заблагодарам на високошколските институции, што иницираа вклучување на темата во својот образовен процес.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации