Регионален извештај за проценка на корупцијата во Југоисточна Европа - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионален извештај за проценка на корупцијата во Југоисточна Европа PDF Печати Е-пошта

Уредници: Др. Огњан Шентов, Руслан Стефанов, Бојко Тодоров
Дата:
ноември 2014 г.

ISBN: 978-954-477-221-5
PDF извештај на македонски јазик:  regionalen-izvestaj-za-antikorupcija.pdf
PDF целосен извештај на англиски јазик:  anti-corruption-reloaded-assessment-of-southeast-europe.pdf

regionalen-izveshtaj-za-antikorupcijaРегионалниот извештај за проценка на корупцијата во ЈИЕ е резултат на соработката на повеќе од 15 граѓански организации во рамките на СЕЛДИ мрежата.

Пристапот за виктимизација базиран на истражување што го применува Системот за следење на корупцијата користен во овој извештај дава единствена проценка врз основа на податоци за напредокот во борбата против корупцијата во регионот уште од 2001 година. Процената извршена во периодот 2013-2014, чии главни наоди се сумирани во овој извештај, е редок случај во меѓународната практика на следење каде истите прашања и истиот регион се истражуваат во период нешто малку подолг од една деценија. Во процената се прави споредба на националното законодавство и институционалната практика во голем број области кои се клучни во напорите за борба против корупцијата: регулаторна и законска рамка, институционални предуслови, корупција во економијата, улогата на граѓанското општество и меѓународната соработка. Извештајот дава процена на гледиштето и политиката на граѓанското општество, додека главните наоди и препораките се дадени во консултација со националните и регионалните јавни институции.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации