Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поимник на изрази поврзани со дискриминацијата PDF Печати Е-пошта

Автори: проф. д-р Мирјана Најчевска и м-р Беким Кадриу
Дата: 2008 година
ISBN: 978-9989-102-72-1
PDF:
poimnik-na-izrazi-povrzani-so-diskriminacijata-2008.pdf

Поимник на изрази поврзани со дискриминацијатаЦелта на овој поимник на термини поврзани со дискриминацијата е воедначување на термините коишто се употребуваат во секојдневната комуникација во врска со дискриминацијата, како и за полесна употреба на Законот за заштита од дискриминација по неговото усвојување.

Поимникот е наменет за сите кои ќе го употребуваат Законот за заштита од дискриминација во пракса (индивидуални лица, правосудни органи, адвокати, канцеларијата на Народниот правобранител, државни службеници, здруженија на граѓани), како и за секој оној кој сака да се занимава со оваа проблематика.

Термините и објаснувањата се базираат, пред се, на основните меѓународни документи коишто директно или индиректно се занимаваат со дискриминацијата и забраната на дискриминација (Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права, Конвенцијата на меѓународната организација на трудот бр. 111, Конвенцијата на ООН за елиминација на сите форми на расна дискриминација, Европската конвенција за човековите права, како и членот 13од Расната директива и директивите за вработување и занимање како минимум стандарди на ЕУ), како и на дефинициите прифатени од страна на меѓународните и регионалните организации (ООН, Советот на Европа, ОБСЕ, ЕУ) и невладини и академски организации кои се занимаваат со соодветната проблематика.

Потребата од терминолошка унификација, меѓу другото, произлегува и од фактот на доминантното влијание коешто го има националната традиција во борбата со дискриминацијата, што подразбира ииндивидуализирање на термините што се употребуваат (а во согласност со поширокоприфатените значења на меѓународен план).

Правилното идентификување на дискриминацијата е од исклучително значење за примената на најсоодветните механизми за заштита, меѓутоа и во функција на алармирање на пошироката заедница и градење на превентивни стратегии и политики. Согласно со тоа, сметаме дека подигањето на свеста на граѓаните за нивните сопствени права наспроти можните дискриминаторски практики, како и за механизмите за заштита коишто им стојат на располагање, е тесно поврзано со прецизното дефинирање на одредени категории, ситуации и институции.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации