Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Успех во 10 чекори PDF Печати Е-пошта

Автор: Африм Илјази
Дата: 2008 година
ISBN: 978-9989-102-77-6
PDF:
uspeh-vo-10-cekori-2008.pdf

Успех во 10 чекориСоздавање Локален акциски план за прашањето на хенидикепот.

Проблемите на лицата со хендикеп (ЛХ) се прифатени како приоритетни низ целиот свет особено по усвојувањето на Стандардните Правила на ОН за изедначување на можностите на ЛХ во 1993 година и со Конвенцијата на ОН за правата на лицата со хендикеп, усвоена на 13 Декември 2006 година и потпишана од Македонија на 30 Март 2007 година.

Зголемената јавна свест, за хендикепот како прашање кое е дел од човековите права, укажува на промената од медицинскиот кон социјалниот модел. Хендикепот веќе не се смета за медицинско прашање кое треба да го третираат само експерти од полето на медицината и преку социјалните стратегии, туку се смета за прашање кое е дел од човековите права кое ќе се третира преку користење на позитивни мерки и инклузивни стратегии.

Оваа промена на парадигмата укажува на промена на одговорноста во однос на хендикепот како индивидуална одговорност на промената според која личноста мора да се третира и лечи од страна на специјалистите од полето на медицината кон тоа да стане социјална одговорност; индивидуата не е хендикепирана, туку општеството е тоа кое го создава хендикепот и соодветно на тоа овој став мора да се промени. Целта на социјалниот модел е да се оттргнат социјалните бариери и бариерите кои се дел од средината со цел да им се овозможи на лицата со хендикеп да живеат независно и да ги уживаат истите права како и сите останти граѓани. Оваа промена на парадигмата ги нагласува физичките, општествените, социјалните фактори како и однесувањето на средината, кои влијаат врз лицата со хендикеп.

ЛХ во Македонија се уште повеќе се сметаат за предмет на милосрдие отколку како лица со човекови права како и останатите. Локалните власти не успеаа да ги земат во предвид правата на ЛХ за време на планирањето, донесувањето на одлуки или распоредувањето на ресурсите. Во комбинација, овие фактори водат кон запоставување на правата и повремено кон отворено исклучување на дел од населението од општеството. Повеќето од јавните згради сé уште се недостапни, а институционализација-та која се реализира во нехумани услови сé уште се практикува.

Со оглед на фактот што ЛХ најчесто се дел од ранливите групи во општеството, развојните проекти треба да се планираат и да се реализираат на тој начин што ќе го земат во предвид прашањето за хендикепот.

Еднаквата вредност на сите човекови битија е фундаментален принцип при создавањето на нашето општество. Сите луѓе поседуваат знаења и искуства кои се значајни за општеството. Сопред тоа, општеството треба да се креира на тој начин што ќе им овозможи на сите еднакво да го дадат својот придонес во неговиот развој и да уживаат во целосното учество во општествениот живот.

Нема потреба да се се нагласува дека ЛХ не смеат да бидат исклучени од тој процес. ЛХ се граѓани кои ги уживаат истите права и одговорности како и сите други граѓани.


Поврзани:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации