Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Добро управување во граѓанските организации PDF Печати Е-пошта

Автори: Келменд Зајази, Емина Нурединоска
Дата: Скопје, 2007 година
ISBN: 978-9989-102-64-6
PDF:
dobro-upravuvanje-vo-gragjanskite-organizacii-2007.pdf

Добро управување во граѓанските организацииПрирачникот за добро управување претставува компилација на теоретски и практични прашања и предлог-решенија поврзани со основните принципи на доброто управување во граѓанските организации. Истиот е самостоен или може да се користи како наставна програма за обука.

Концептот на управувањето не е новина. Тој постои откако постои и човечката цивилизација и значи процес на носење одлуки и процес во кој одлуките се (или не се) спроведуваат. Доброто управување, пак, е понов концепт и е воведен со цел да му даде позитивна конотација на управувањето. Иако повеќето истражувања и литературата се однесуваат на доброто управување во државата и во приватниот сектор, истото наоѓа значајна примена и во граѓанскиот сектор.

Намерата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) со овој прирачник е да придонесе кон развојот на граѓанскиот сектор, неговата одржливост и позитивниот имиџ во јавноста преку презентирање теоретски решенија и практични совети и алатки за примена на принципите на доброто управување.

Иако Законот за здруженија на граѓани и фондации ги нуди основите за организациската структура и управувањето, сепак за одржливоста на секторот во контекст кој е неповолен, несомнено се наметнува потреба самите граѓански организации да отидат чекор понапред и да воспостават повисоки етички стандарди кои ќе значат развиена демократска структура, транспарентност, одговорност, отчетност, учество.

Токму овој прирачник има за цел да им ги направи достапни на едно место најчесто применуваните стандарди за добро управување пред си на лидерите на граѓанските организации. Ова е особено така ако се има предвид дека развојот на граѓанските организации во Македонија се наоѓа во една рана фаза во којашто основачите на организациите си уште играат клучна улога во донесувањето на одлуките на сите нивоа, како стратешките, така и оперативните.

Оваа публикација претставува надградба на досега преземените активности за добро управување од страна на МЦМС, на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) и на други организации. Минатата година Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) го публикува Прирачникот за управување со невладините организации издаден од Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ).

Оваа година за првпат МЦМС, во рамките на програмата за работа на ГПМ, разви наставна програма и одржа обука за добро управување за лидерите на граѓанските организации, а исто така во рамките на истата програма подготвена е работна верзија на „Етички кодекс на ГПМ”.

Прирачникот ги посочува најважните прашања на доброто управување, како што се: поим на управување, добро управување, заеднички елементи на доброто управување, контекст во кој дејствуваат органите на граѓанските организации, развоен циклус на организација и на неизвршни органи, улогата на незивршниот орган, општо, и неговата улога во врска со финансиите на организацијата, улогата на членовите на неизвршниот орган, спречувањето судир на интереси, регрутирање нови членови и односи меѓу неизвршните и извршните органи.

МЦМС ја подготви оваа публикација како дел од програмата за работа на ГПМ и наедно им се заблагодарува на членките на ГПМ, кои активно учествуваа во обезбедувањето препораки и насоки за содржината на публикацијата.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации