Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Луѓе од граѓанскиот сектор PDF Печати Е-пошта

Уредник: Гонце Јаковлеска
Дата: 2006 година, Скопје
PDF:
lugje-od-gragjanskiot-sektor-2006.pdf

Луѓе од граѓанскиот секторМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја издаде публикацијата „Луѓе од граѓанскиот сектор”. Со ова ја заокружуваме „трилогијата” адресари: Адресар на граѓанските организации во Македонија, Проекти на граѓанските организации во Македонија и сега Луѓе од граѓанскиот сектор во Македонија. Иако МЦМС пред четири години направи напори да ги собере и публикува податоците, иницијативата заврши со електронско издание публикувано на www.graganskisvet.org.mk.

Целта на објавувањето на публикацијата е да ја подобри информираноста на граѓанските организации, но и на другите субјекти за ресурсните лица од граѓанскиот сектор. Граѓанските организации ќе добијат алатка што ќе им помогне лесно да се снаоѓаат кога им се потребни експерти и обучувачи или координација со истакнати активисти или лидери на граѓански организации.

Во публикацијата се презентирани профилите на 71 лидер, активисти, волонтери, обучувачи, консултанти, експерти и други ресурсни лица од граѓанскиот сектор. Сметавме дека ова се категориите коишто ги препознаваат луѓето во граѓанскиот сектор и во коишто можат да се распределат сите човечки ресурси.

Податоците за луѓето вклучуваат податоци за контакт и информации за нивните јазични вештини, за претходните активности, за областите на експертиза итн.

Публикацијата е издадена во печатена верзија на македонски јазик. На македонски, но и на англиски јазик, ќе биде достапна електронска верзија на веб-страницата www.graganskisvet.org.mk и на www.civicworld.org.mk.

На крајот, би сакал да им се заблагодарам на сите што се пријавија и изразија желба да бидат дел од оваа публикација, на членовите на Комисијата за селекција и на сите други учесници во подготовката на ова издание.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации