Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка 1993 – 2003 PDF Печати Е-пошта

Главен и одговорен уредник: Сашо Клековски
Дата: 2003 година
ISBN: 9989-102-07-4
PDF:
10-godini-mcms.pdf

Македонски центар за меѓународна соработка 1993 – 2003МЦМС одбележува десет години. Тоа е можност не само за одбележување на постигнатите резултати, туку и за оценка на минатото, реафирмација на вредностите и градење визија за иднината.

Резултатите постигнати во десетте години секако означуваат успех. Успех кој е веќе потврден со бројните признанија. МЦМС е пример во Македонија и Источна Европа. Приказната за основањето и развојот на МЦМС е инспиративна и импресионирачка.

За да се опише што стои зад успехот на МЦМС, можеби најдобро е да се употребат зборови од она што го кажале другите за МЦМС.

МЦМС е уникатна платформа за дијалог и соработка на различни интересни групи во Македонија, кои во МЦМС наоѓаат свој простор.

Тоа МЦМС го прави единствен дури и во контекст на поделби. Заедничката работа носи прогрес, исклучувањето носи тензии. Во МЦМС има добра волја за справување со извонредно тешки ситуации. Таа добра волја е заснована на индивидуални човечки квалитети како посветеност, искрен идеализам, другарство.

МЦМС е доказ дека човековата добра волја и напорна работа се исплатуваат.

МЦМС е домашна автономна организација чии клучни одлики се вклучување и кохезија; лидерство со визија; посветеност; организација што учи; соработка и партнерства; транспарентност. МЦМС ќе продолжи да ги надградува тие клучни одлики.

Само така МЦМС може конзистентно и успешно да им служи на оние кои имаат потреба. Само така МЦМС може да развива визија која ги надминува границите на Македонија. МЦМС ќе остане доследен и посветен на промени во македонското општество. Промени кои ќе значат социоекономски развој и културен просперитет, развој на плурална и партиципативна демократија и на општествена кохезија, интеграција и хармонија. Промени кои ќе ја оспособат Македонија за влегување во светот на меѓузависности и во евроатлантските интеграции.

МЦМС ќе продолжи да ги поттикнува промените со зголемување на капацитетот на граѓанскиот сектор и способноста на македонското општество за развој на визија и справување со проблемите.

Визијата на МЦМС е заснована на вредности. Вредности кои не се нови и се универзални. Пред неколку години ги изразивме нашите вредности преку пораката “Цело е кога има сè”. Сега сакаме да го надоградиме тоа преку пораката “Јас живеам овде”. Јас живеам овде… со мојот дом. Јас живеам овде… со генерации. Јас живеам овде… со моето семејство, блиски и пријатели. Јас живеам овде… со мојот сон. Јас живеам овде… со мојата иднина. Јас живеам овде… со сите вас.

Со добра волја и напорна работа на сите нас, ќе успееме, овде во Македонија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации