Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Злосторство без казна PDF Печати Е-пошта

Дата: 2010
PDF:
  zlostorstvo-bez-kazna-2010.pdf

злосторство без казнаПубликацијата „Злосторство без казна: Борба против корупцијата и организираниот криминал во Бугарија“ е подготвена од Центарот за проучување на демократијата од Бугарија, во ре-издание на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Во деветтиот извештај за оцена на корупцијата, Центарот за проучување на демократијата (Center for the Study of Democracy - CSD) дава преглед на состојбата и динамиката на корупцијата во Бугарија, како и на бугарските антикорупциски политики и инцијативи во текот на првите две години од членството на Бугарија во ЕУ.

Извештајот е резултат од повеќегодишното искуство на ЦСД во редовно следење на ширењето на корупцијата и нејзините трендови, како и евалуација на антикорупциските напори и иницијативи спроведени од владините институции и граѓанското општество. Наодите се базирани на најсовремениот Систем за следење на корупцијата и се надополнети со бројни препораки за антикорупциски политики, институции и практични мерки. Исто така, извештајот се повикува на најновите меѓународни студии и истражувања со цел да се оцени нивото на корупција во Бугарија во споредба со другите земји членки на ЕУ.

Политичката корупција и организираниот криминал и понатаму остануваат злосторства кои поминуваат без казна, дури и по приклучувањето на Бугарија кон ЕУ. И покрај економскиот раст и напредокот направен во минатата во областа на антикорупциските реформи, во Бугарија сè уште постојат два големи недостатоци во борбата против корупцијата и организираниот криминал: имено, политичката волја и административните капацитети. Овогодишниот извештај ги истражува различните аспекти и извори на политичка корупција во Бугарија, вклучувајќи гп новиот алармантен тренд: зафаќањето на граѓанското општество. Извештајот ја следи динамиката на скриената економија во земјата и главните канали за корумпирани интеракции меѓу бизнисот и политиката: јавните набавки, концесиите и размената на земјиште/ шума.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации