Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Стратегија за соработка на општина Битола со граѓанскиот сектор и негов постојан развој PDF Печати Е-пошта

Дата: 2012 година
PDF: strategija-bitola-mk.pdf

strategija-bitola-mkГраѓанското учество во процесот на донесување одлуки е од клучно значење за секое општество кое се декларира како демократско, а посебно е важно за младите демократии. Создавањето институционални механизми за соработка на граѓаните и државните органи и тела, особено на локално ниво во процесот на креирање политиките и други акти, е основа на партиципативната демократија. Општина Битола во целост ги препознава важноста и улогата на граѓанскиот сектор во развојот на демократските процеси во општината и општо во развојот и подобрување на животот во заедницата. Граѓанските организации во Битола многупати во изминатиот период ја потврдиле својата посветеност на пресретнување на потребите на граѓаните преку бројни активности од различни области, како: социјални услуги, поддршка на образованието, културни манифестации, спортски настани, еколошки акции, оспособување на младите, охрабрување на маргинализираните групи и сл.

Тргнувајќи од овие факти, општина Битола одлучи да ја унапреди соработката со граѓанските организации и да придонесе кон нивни постојан развој, а со цел да се придонесе кон зголемени граѓански иницијативи и развиена локална заедница од секој аспект.

Досегашниот институционален механизам препознаен во одговорното лице за соработка со граѓанските организации во рамките на Одделението за локален економски развој ќе биде надополнет со овој стратешки документ којшто треба да претставува водечка рамка за политиката на општината кон граѓанскиот сектор.

Усвојувањето на Стратегијата за соработка на општина Битола со граѓанскиот сектор и негов постојан развој е индиректен придонес и кон реализирање на една од стратешките заложби определени во Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор (2007-2011 г.). Имено, во седмата цел од националната стратегија предвидено е: „Преку промовирање на целите и мерките на стратегијата на локално ниво, единиците на локалната самоуправа ќе ја препознаат важноста на соработката и развојот на локалните граѓански организации и ќе можат да усвојат слични механизми за соработка и вклучување на граѓанските организации во спроведување заеднички активности“.

Процесот на подготовка на стратегијата е воден од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како дел од проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“, спроведуван од МЦМС, а финансиски поддржан од Европската Унија преку Инструментот за демократија и човекови права (ЕИДХР).

Стратегијата е усвоена од страна на Советот на Општината Битола на седницата одржана на 22 декември 2011 г.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Ресурсни материјали