И Македонија и НАТО е кампања спроведена во 2008 година. Идејата на кампањата беше афирмација на заложбите на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Македонија направи значен напредок во реформите и на развивање на своите односи со ЕУ и со НАТО.
Македонија и нејзините граѓани имаат постигнато согласност за потребата од членство во Европската унија и НАТО. Македонија има право на само-идентификација и тоа не може да биде спорно.
Од највисоките државни институции се бараше да го задржат нивото на национален консензус и да водат процес на барање заедничко решение.
Грција треба да направи чекор за декларирање на сопственото почитување на Македонија со изјава за прифаќање на етничкиот македонски идентитет во Македонија, на македонската култура и на македонскиот јазик.
Денес НАТО, утре ЕУ, засекогаш Македонија.



Twitter
Digg
Del.icio.us
Reddit
StumbleUpon
Yahoo
Googlize this
Facebook
Wikio
Изјава на граѓански организации



