Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Даниела Стојанова - Консултант PDF Печати Е-пошта

Даниела СтојановаДаниела Стојанова, Обучувач/Консултант
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+ 389 2 3088 980

Даниела Стојанова има 15-годишно работно искуство (волонтерство, активизам и професионална работа) во граѓанските организации во Република Македонија. Во 1995 година се вклучува во првиот тим македонски тренери обучуван од страна на Регионалниот центар за животна средина (Унгарија) и Институтот за трајни заедници (САД). Во 1997 година посетува и 3-месечна обука за работа во граѓанските организации каде поминува низ 20-тина модули на основни и напредни обуки од организациски и институционален развој на граѓанските организации, но и други теми. Од тој период сè досега има испорачано повеќе обуки за граѓанските организации од Македонија. Таа исто така редовно посетува обуки во и надвор од Македонија за надградба на нејзиното знаење и искуство. Со оглед на нејзината долгогодишна работа во Движењето на екологистите на Македонија, а потоа и раководењето на секретаријатите на Мрежата на еколошки НВО на Југоисточна Европа (2001-2004) и на Граѓанската платформа на Македонија (2004-2006), нејзината основна област за испорака на обуки е вмрежувањето. Од 2005 година започнува да се надоградува и да испорачува обуки и консултации за мобилизација на ресурси/финансиска одржливост. Таа исто така има испорачувано повеќе обуки и за комуникациски вештини и односи со јавност (медиуми). За наведените области таа поседува и теоретско познавање и искуство од секојдневната работа.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Консултанти