Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Димче Митревски - Консултант PDF Печати Е-пошта

Димче МитрескиДимче Митрески, Консултант/Обучувач
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Роден на 5.11.1968 г. во Прилеп. Во МЦМС е ангажиран од 1994 г. Тој е дел од средното раководство на МЦМС и е одговорен за раководењето на Одделението за развој. Како консултант е активно вклучен во градењето на капацитетите на локалната самоуправа во Македонија, пред сè преку развој и спроведување на обуки и фасилитирање на работилници. Неговите клучни квалификации се: Раководење со проекти и програми;  Набљудување и оценување на проекти и програми; Стратешко планира; Акциски планови за локален економски разв; Формулација на проекти и пристап до донатори. Митрески има изградено силни врски со општините и со националните организации на општините, како Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и Асоцијацијата на даватели на комунални услуги на Македонија (АДКОМ). Во текот на 2004 година е вклучен во испорака на обуки за Раководење со проектен циклус организирани од ЗЕЛС за сите 123 општини во Македонија. Тој исто така активно учествувал во консултантски мисии за изработка на неколку стратешки документи, како што се Стратегијата за локален економски развој (ЛЕР) на општините Штип и Карбинци (2004); Стратешкиот план за локален развој на општина Гостивар (2006); Стратегијата и акцискиот план за реформи на јавните комунални претпријатија (2008);  Стратегијата за развој на туризмот во Осоговскиот прекуграничен регион (2008). Од 2007 година активно е вклучен во реализација на програмата на ОБСЕ за градење капацитети, посебно во делот за јакнење на капацитетите на локалните граѓански организации од Куманово и Тетово, како и програмата „Активно граѓанство“ намената за месните заедници од кумановскиот, скопскиот и тетовскиот регион.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Консултанти