Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Валентина Чичева - Консултант PDF Печати Е-пошта

Валентина ЧичеваВалентина Чичева, Консултант/Обучувач
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Родена е на 28.02.1969 г. во Скопје. Во 1993 г. дипломира на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, отсек базно-полимерно органско инжинерство, а во 2008 г. магистрира на Економскиот институт во Скопје, отсек Финансиски менаџмент . Таа е обучувач на Одделението за граѓанско општество и демократија на МЦМС од 2000 година. Нејзини главни полиња на експертиза се: Административно и канцелариско работење, Вештини за фацилитација, Обука за обучувачи, Ефективни состаноци и работилници, Институционален развој и организациско јакнење и Раководење со проектен циклус.
Таа е вешта во употребата на различни обучувачки и презентациски техники со кои обезбедува вклучување на учесниците во процесот на учење. Чичева има искуство во обука на различни целни групи: етнички малцинства, жени, млади, лица со хендикеп, граѓански организации, локални самоуправи, земјоделски здруженија и претприемачи.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Консултанти