Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Консултации PDF Печати Е-пошта

Консулатциите се советодавни услуги кои на менаџментот на една организација му помагаат да ја подобри ефективноста на работењето, стратегијата, процесите, операциите и одлучувањето преку оценка на потребите и олеснување на ревдирањето на функциите, плановите, насоките.

Освен во организациски контекст консултациите се обезбедуваат и како советодавни услуги и/или олеснување на процес, во кој може да се вклучени и повеќе страни (организации, институции), од кој треба да произлезе решение на некој проблем, проект, анализа, стратегија.

Консултациите се водат согласно на пристапите кои МЦМС ги презентира во соодветните обуки. Изборот на методологијата е во блиска консултација со нарачателот и се дефинира во усогласен опис на надлежности со цел консултациите најсоодветно да одговорат на прашањата и потребите на нарачателот.

Посебно внимание во консултациите МЦМС посветува на обезбедување вклученост на сите засегнати со цел кај нив да осигура чувство на сопственост над крајниот продукт и да се добие поголема посветеност понатаму во спроведувањето.

МЦМС ги спроведува консултациите преку:

Референци
 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Методологија