Обука Печати

Обуката е процес на трансфер на знаење, вештини и ставови. За најефикасно реализирање на овој процес МЦМС применува научно потврден пристап наречен циклус на учење кај возрасните. Овој пристап се базира на партиципативно учење и е фокусиран на размена на искуства и нивно применување во практика. Циклусот на учење кај возрасните подразбира насочување, партиципација, се базира на искуствено учење и обезбедува повратна информација. Истовремено обезбедува почит кон учесникот, безбедна околина и се реализира во пријатни услови за работа.

Овој пристап нуди четири нивоа на кои се одвива учењето:

  • стекнување знаење (учесниците ќе знаат за соодветните концепти)
  • стекнување вештини (учесниците ќе бидат способни да реализираат соодветни задачи)
  • стекнување/промена на ставови (учесниците ќе веруваат/ќе ги поддржуваат соодветните пристапи)
  • стекнување/промена на однесувањето (учесниците ќе ги применуваат стекнатите знаења, вештини и ставови во својата работа)

Сите учесници на обуката на МЦМС добиваат соодветни наставни материјали кои претставуваат поддршка на учењето, а потоа и поддршка на примената во секојдневната пракса. Овие материјали опфаќаат теоретски концепти, студии на случај и практични примери. Наставните материјали се достапни на македонски, албански и на англиски јазик. За материјалите кои ги доставува на учесниците МЦМС има обезбедено право на користење.

МЦМС редовно применува мерки за да обезбеди висок квалитет на обуката кои покрај стандардизираниот процес на обука и методологија, примената на соодветни материјали за обука, вклучува и обезбедување на соодветен профил на обучувачи и редовна оценка на обуките. Оценката на обуките се изведува од страна на учесниците на крајот на обуката преку прашалници дизајнирани за таа намена. Кратки фидбек сесии се организираат по потреба заради подобрување и прилагодување на содржината и процесот на обуката.

МЦМС ја спроведува обуката преку:

Референци