Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Напреден менаџмент PDF Печати Е-пошта

Напреден менаџментУспехот на една компанија е директно поврзан со способноста на нејзините менаџери да го поттикнат најдоброто во секој вработен, да извлечат максимум од тимот како целина, навреме да ги согледаат заканите во опкружувањето и да применат соодветни пристапи за организациско прилагодување и промени.

На оваа обука, искусните менаџери можат да ги освежат своите мисли, да научат нови техники и вештини и да споделат искуства во флексибилна атмосфера за учење. МЦМС нуди сет модули на неколку теми: лидерство, вештини за раководење и донесување одлуки. Обуката овозможува работење на темите и практикување на вештините подлабоко отколку на претходните обуки.

Содржина

  • Раководење и управување со организација;

Лидерство

  • градење на тим;
  • фактори кои влијаат на ефективната тимска работа;
  • Теории за лидерство
  • Стилови на лидерство
  • Разлика меѓу лидер и менаџер
  • Оценка на менаџмент улоги и вештини

Менаџерски вештини

  • Стратешко размислување
  • Управување со промени и водење на компанија која учи
  • Комуникациски вештини и давање фидбек
  • Методи за делегирање
  • Менаџирање на дивергентни очекувања
  • Градење доверба
  • Презентациски вештини
  • Преговарачки вештини

Донесување одлуки

  • Фацилитаторски вештини и ефективно водење состаноци
  • Групно донесување на одлуки
  • Охрабрување на учество на вработените
  • Алатки за донесување на одлуки базирани на информации и анализа: СВОТ, ПЕРТ, cost benefit анализа, матрица за соработка и др.
  • Организациска култура и организациско учење
 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Теми