Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Презентациски вештини PDF Печати Е-пошта

Презентациски вештиниВашите презентациски способности можат да бидат клучни во развојот на вашата кариера, а на тој начин и во развојот на вашата организација. Затоа е важно тие постојано да се подобруваат и надградуваат. Не секој може да се пофали со структурирана презентација, добро илустрирана со примери која не само што им оставила впечаток на слушателите туку тој бил толку силен што запамтиле барем три работи од неа. Тоа значи дека презентерот не ги превидел важните работи поврзани со публиката, целта и големината на презентацијата како и употребата на визуелни средства.

Содржина

  • Подготовка на презентација (структура и елементи на успешна презентација;
  • Елементи на успешно надминување на страв и трема пред јавен настап;
  • Остварување на релации со слушателите;
  • Невербална комуникација (став, гестикулација, мимика итн.);
  • Употреба на простор;
  • Визуелни помагала (селекција и употреба);
  • Употреба на прашања и одговори;
  • Практичен дел, подготовка на презентација на зададена тема (секој учесник ќе добие видео запис од својот настап)
 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Теми