Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Мобилизација на ресурси - Финансиска одржливост PDF Печати Е-пошта

Мобилизација на ресурси - Финансиска одржливостДа се биде финансиски одржлив значи да се размислува за сите аспекти на сопствената организација и да се идентификуваат најдобрите капацитети или способности на организацијата.

Организациската одржливост подразбира способност на организацијата да продолжи да ја работи нејзината работа. Финансиската одржливост подразбира способност на организацијата да генерира доволно ресурси за работа во насока на остварување на визијата.

Организациската одржливост е тесно зависна од јасната стратешка насока, од способноста на организацијата да ја скенира околината и идентификува можности за работа, од способноста да привлече, раководи и задржи компетентен персонал, од адекватната административна и финансиска инфраструктура, од способноста да ја демонстрира својата ефективности и влијание во насока на зголемување на ресурсите и од способноста да добие поддршка од заедницата и вклученост во нејзината работа.

За финансиска одржливост, организацијата треба да има повеќе од еден извор на приходи, повеќе од еден начин на генерирање приходи, редовни стратешки, акциски и финансиски планови, адекватен финансиски систем, добар имиџ во јавноста, јасни вредности и финансиска автономија.

Содржина

  • Стратегии за прибирање средства;
  • Прибирање средства од донатори;
  • Идентификација на потенцијални донатори и нивната мотивација;
  • Развивање на профил/Институционален развој на организацијата и изјава за случај;
  • Подготовка на предлог проект за донаторот, презентирање на организацијата/предлог проектот на нов донатор;
  • Како да биде прифатен предлог проектот;
  • Реализација на проектот/програмата и известување за донаторот;
  • Како да комуницирате со донаторот потоа;
  • Прибирање фондови од заедницата;
  • Прибирање фондови од индивидуалци;
  • Прибирање фондови од деловниот сектор;
  • Механизми и техники за прибирање фондови (директна пошта, настани, економски активности итн.).
 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Теми